ВЕСНИКАР

Храм - Манастир Слепче »

  • За љубовта према светот - Свети Исаак Сирин

    Објава: 2023-04-22 16:39:58 by: Миле Миланоски

    04/04/2023 Вистина е она што вели Господ, дека човек со љубов према светот не може да задобие љубов спрема Бога, дека општејќи со светот човек не може да општи со Бога, и дека грижејќи се за светот, не може да се грижи за Бога. Штом заради славољубие го напуштиме Божјото, а често и заради недостиг на она што е потребно за телото, многумина од нас се приклонуваат на другата страна. Некои се согласија да се залагаат за царството небесно, а не сеќавајќи се на ветувањето кое го искажа Господ (Мат. 6, 25-34): „но барајте го најнапред Царството Божјо и Неговата правда, и сѐ ова ќе ви се придодаде. И така, немојте да се грижите за утре, зашто утрешниот ден ќе се грижи за своето, на секој ден доволно му е неговото зло.“ Господ се грижи за птиците без душа, ради нас создадени, зар нас ќе нѐ занемари? Тоа е невозможно. Кој се грижи за духовното или за нешто што служи на духовното, телесното му се дава без грижа за тоа колку и кога е потребно. Кој пак се грижи за телесното повеќе отколку што е потребно, тој и против своја волја отпаѓа од Бога. Ако се потрудиме да се ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • АКАТИСТ на Светиот свештеномаченик Харалампиј

    Објава: 2023-02-24 19:11:02 by: Миле Миланоски

    27/03/2023 Кондак 1 - Избран мачениче и Божји угодниче, натопувајќи ја земјата со чесната твоја крв и испросувајќи од Бога плодородна земја, пофалби од длабочината на душата ти возгласуваме со песни. Ти кој имаш голема смелост пред Господа, од сите беди ослободи нѐ, за да ти повикуваме: Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче! Икос 1 - Ангелите на небесата се радуваа на твојот непорочен живот, свештеномачениче Харалампие, зашто следејќи ги светите пророци и апостоли, ги упати луѓето на патот на спасението. Поради тоа ти повикуваме: - Радувај се, голем светилниче на Црквата! - Радувај се, проповедниче на правдата! - Радувај се, учителе на луѓето за вечниот живот! - Радувај се, изобличителе на идолослужењето! - Радувај се, од тебе сатаната се засрами! - Радувај се, со тебе верата Христова се прослави! - Радувај се, со Христовото Име демонската сила се сотре! Радувај се, свештеномачениче Харалампие, милосрден наш застапниче пред Бога и прекрасен чудотворче! Кондак 2 - Гледајќи го твојот ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • ХРИСТОС СЕ РОДИ!

    Објава: 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    07/01/2023 Си реков   Изгрева уште една ѕвезда на обоеното небо, здивот ми се зема кога ќе помислам на она кое е поминато.   Се распосла виножито со надеж прошарано во мугри овие, денови со радости несфатени.   Погледнете, апостоли, маченици, преподобни, бесребреници, богоносци, златоустови проповедници, погледнете вие кои заради Христа јуродиви во светот битисувавте.   Погледнете на родот кој патишта прекрсти, себе за достоен се умисли, себе како велик, во метеж се зашемети.   Погледнете и прошка измолете, За неумесности, палавости, лековерности, измолете прошка и за сите свртувања од патот во разни страни.   Дарови човекот преку вас да принесе срце и душа да се залечат од Оној Кој се дарува Себеси, се унижи земајќи нѐ нас за сродници.   Изгрева уште една ѕвезда на обоеното небо, дишење се смири Он се овоплоти, а ние повикавме: ХРИСТОС СЕ РОДИ!   Слепченски Манастир ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Се отпечати фототипно издание на Слепченскиот Поменик од 16 век

    Објава: 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    31/12/2022      По големата Божја милост, уште еден Слепченски ракопис во фототипно издание се врати во манастирската библиотека, во матичниот манастир каде што беше создаден.     Станува збор за Слепченскиот Поменик од 16 век, кој во 19 век бил распарчен на два дела и оттуѓен од Манастирот, едниот дел од страна на бугарите, и денес се чува во Софија, во Националната библиотека „Св. св. Кирил и Методиј“ под бр.1015, а другиот дел од ракописот заедно со познатиот патеписец Виктор Григоровиќ во пролетта на 1845 г. отпатувал за Одеса, Украина, и денес се чува под број 1/116 .       Сестринството на Слепченскиот Манастир под раководство на академик Поп-Атанасов, при долго истражување на ракописот, направи аналза на сите личности коишто Манастирот ги спомнувал во 16 век и претходно. Покрај охридските архиепископи, во Поменикот се споменуваат и ктиторите на Манастирот - царот Михаил VIII Палеолог и благоверната царица Теодора. - Од Поменикот беа анализирани и илјадници имиња на монаси и мирјани како и топоними од нивното ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • Глаголицата – неправедно загубена икона на зборовите

    Објава: 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    Преку презентацијата на Апостолот кој до средината на 19 век се чувал во манастирот, по што е распарчен и отуѓен и денес се наоѓа во 5 библиотеки во Украина, Русија и Бугарија, сестринството и отец Серафим, преку привлекување на вниманието на јавноста кон Слепченската книжевна ризница, во која веќе ги откупија и комплетираа дигиталните копии од сите страници на Апостолот, сакаат да иницираат една уште поважна научна дебата – како и зошто автентичната македонска глаголица создадена според солунскиот говорен дијалект, во историјата била онеправдана, поттурната, па дури и гонета и ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • ИЗВЕСТУВАЊЕ за 30. 07. 2022

    Објава: 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    26/07/2022 По повод чествувањето на борбата со која народот во Македонија се трудеше да ја добие својата слобода, а воочи празникот *Илинден* кој стана национален македонски празник, но и символ на македонскиот непокор, на *30. 07.2022 година во 9 часот, при влезната капија на Манастирот св. Јован Претеча Слепче,* која со векови ги чува трагите од куршумите на сите оние кои не се ослободија од своето властољубие како желба да владеат со другите, ќе се отслужи *ПАНИХИДА* за сите оние кои го положија животот застанувајќи во одбрана на сираците, вдовиците, немоќните, и сите кои ја сакаат слободата од Бога им дарувана.  Во молитвите на панихидата ќе биде спомнато и целото население кое страдаше под јаремот на поробувачите а кое денес не е помеѓу живите на земјата, но живо остана за Бога. Молитвите на панихидата упатени кон Живиот Христос се за прошка на гревовите на сите оние, кои зедоа дел во таа слободарска кауза, како и за прошка на гревовите на сите оние кои во туѓи војски извршуваа наредби на претпоставени, а беа во редот на поробувачите. ...

    Мислења: 0   Види повеќе...

  • ПРЕТЕЧА

    Објава: 2023-01-20 08:34:23 by: Миле Миланоски

    07/07/2022 Што да објавам на светот за тебе, - дали сум дел од твоето лозје, - дали ќе дозволиш калемов - да се пренесе жив на првиот чокот ? Еднаш порти ми отвори - во твој предел монах молитва сотвори, - зад мене одамна се затвори - трло кое се бори да не ме испушти. Повторно се потсетувам - на твое раѓање, - повторно, пак се радувам - на зборови кои немаат заборавање: Јас не сум Тој, - туку по мене иде Оној - кому не сум достоен … А јас, - достоен ли сум ? - Прашувам на цел глас - да пијам молчешкум - вода која минува, - минува, - и твои стапалки залева. Каде можеше поудобно - пустињаштво да биде изучено, - смрт во тело, да биде вкусено, - освен при ноѕе Јованови, - онаму каде мируваат небесни бранови. Те прославуваме, - но се плашиме - од благодат да не се изгубиме, - прва наредба од тебе добивме - патишта и патчиња да израмниме. Време да не губиме - половина живот да употребиме, - како половина година - кога се сее и копа, - па останатоста - да биде жетва прибрана. Секој пред себе да го поставиме - во секого Бога да Го видиме, - за на крај да исчекуваме ...

    Мислења: 0   Види повеќе...