ВЕСНИКАР

Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица

Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка во Струмица (22.04.2023 18:18)

Со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум, на 21 и 22 април 2023 година, се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка низ улиците на градот Струмица. Во петок, на 21 април, по Вечерната богослужба, којашто ја отслужи Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка беше пренесена од манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“ до црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив“, во Струмица. Наредниот ден, сабота, 22 април, Викарниот Епископ г. Јаков Стобиски отслужи Божествена Литургија пред црквата „Свети Григориј Палама и свети великомаченик Димитриј Мироточив“, а потоа во присуство на многуброен верен народ, во свечена литија иконата беше пренесена до градскиот плоштад „Гоце Делчев“, каде што се отлужи доксологија и каде што Епископот г. Јаков одржа пригодна беседа. Потоа, иконата беше вратена во манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, во Струмица.

 

Радувај се, на непристапното Божество селение!

Радувај се, непрестајно ангелско удивление!

Радувај се, Трпезо света со лебот на Животот што нѐ храниш!

Радувај се, маслино благоплодна, со елеј на милост срцата наши ги помазуваш!

Радувај се, на дарови на Божјата благодат неисцрпна ризницо!

Радувај се, на чудеса непресушно течение!

Радувај се, застапничке на понижените!

Радувај се, утешителке на нажалените!

Радувај се, помошничке на бедните!

Радувај се, исцелителке на болните!

Радувај се, укрепителке на раслабените!

Радувај се, ослободителке на заробените!

 

Радувај се, себлага Брзопослушничке!

 

 

                             

                              

                             

                             

ИЗВОРНАТА ОБЈАВА...


Ознаки: Нема
0 мислења
Пријави        

За читање: