
Posted
2023-07-03 14:48:23 by: Сард
„Преку пророците ни го навести патот на спасението, а преку апостолите ни засветли благодатта на Твојот Дух, наш Спасителу, зашто Ти си Бог од вечноста, Ти остануваш тоа и потоа, и Ти си нашиот Бог во вековите“ (хвалитна стихира на утрена во Понеделник на Светиот Дух).
На 05.06.2023 година, се наврши една година од радосниот момент кога нашата света Македонска православна црква - Охридска архиепископија, по долги години борба за враќање на својата автокефалност, го прими Томосот за автокефалност од Српската правславна црква во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Белград, Србија. И ете, Господ повторно и секогаш промислува, токму оваа годишница да биде на денот кога го славиме Светиот Дух - Животворецот, Кој се движи и оживотворува, и Кој ја држи Црквата во единство, едномислие и еднодушност. Тоа едномислие и еднодушност силно одекнаа минатата година на овој ден, но и денеска, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, каде што сите архиереи, свештенослужителите од двете Цркви, и сиот верен народ, силно го почувствуваа тој Животворен Дух, Кој сите ги прави едно тело чија глава е Христос ...
View more...
Login with a social network