ПравославиеМК »

Објави од македонски православни интернет страни.
  • Дедо Наум – Чудата се случуваат затоa што немаш вера!

    Posted 2023-05-31 13:41:46 by: Сард

    “Постојано се занимаваме со некои чуда, со некои икони што плачат, со некои поклонички патувања и свети мошти, со некои имиња, но со иста таква страст, истовремено, и со озборување и судење на други луѓе и состојби, со политиканство, со популизам, со задоволување на страстите; се занимаваме со сѐ и сешто освен со себе и ...

    Comments: 0   View more...

  • Старец Пајсиј Светогорец: Само во семејствата во кои се живее по Бога, луѓето живеат добро

    Posted 2023-05-31 04:32:50 by: Сард

    Единствена животна вредност е семејството. Кога ќе пропадне семејството ќе пропадне се, и свештенството и монаштвото, ќе пропадне светот.Бескрајни се маките и тешкотиите на светот. Едно сеопшто распаѓање на цели семејства. Повеќето од домовите се полни со ...

    Comments: 0   View more...

  • Дедо Наум – ЌЕ СЕ ВОДИ ВОЈНА И ГОЛЕМА БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ НА СРЦЕТО!

    Posted 2023-05-30 22:42:35 by: Сард

    ЌЕ СЕ ВОДИ ВОЈНА И ГОЛЕМА БОРБА ЗА ПРЕСТОЛОТ НА СРЦЕТО .„…Замисли си ја положбата на некој кој љуби и, без слики и претстави, со внатрешното слово, изговарај го името на Господ Исус. Оддалечи ја секоја помисла, па дури и онаа најубавата, најчистата и најспасоносната. Тие доаѓаат од лукавиот оддесно, за да ја прекинат твојата ...

    Comments: 0   View more...

  • Concept to Creation: Custom Theme Designs Just Got Easier

    Posted 2023-05-30 15:00:00 by: Сард

    Patterns, colors, fonts, and more. Our new homepage design tool guides you through making your creative vision a ...

    Comments: 0   View more...

  • Дедо Наум – ЗА СУШТИНАТА НА ПРОБЛЕМОТ…

    Posted 2023-05-30 12:16:51 by: Сард

    “Никој од нашата Света црква нема намера да го менува нејзиното уставно име и сите расправии, акции и реакции во таква насока се беспредметни; и повеќе се показател на некоја лична нетрпеливост отколку на некоја реална состојба. Но, во врска со оваа тема треба сите да знаеме и да освестиме дека имињата Јустинијана Прва, а ...

    Comments: 0   View more...

  • Распоред на Богослужби во манастирот свети Илија - Чардак с.Мирковци од 01 јуни до 11 јуни

    Posted 2023-05-29 23:30:12 by: Сард

    ✥✥✥ 01 Јуни (Четврток) Светиот свештеномаченик Патрикиј, епископ Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен.Света Божествена Литургија од 08:00 часот ✥✥✥✥✥✥ 03 Јуни (Сабота) Светиот цар Константин и Светата царица Елена ( ...

    Comments: 0   View more...

  • ТОЛКУ ЛИ Е ВАЖНА НЕДЕЛНАТА СВЕТА ЛИТУРГИЈА?

    Posted 2023-05-29 23:09:11 by: Сард

    Верниците и оние кои не веруваат доаѓаат во храмот, палат свеќи, се молат, плачат, но кога ќе им пријде свештено лице и ќе ги покани да присуствуваат на богослужбата за да се ‘’потопат’’ во таа нова за нив мистична реалност, тие изрично одбиваат или поради некоја причина ја отфрлаат оваа понуда. Ова не само што е тажно, туку е и за осуда, бидејќи ...

    Comments: 0   View more...

  • Проповед на Преображење

    Posted 2023-05-29 21:22:39 by: Сард

    ПРОПОВЕДНИЧКИ ДЕО Проповед на Преображење Петръ рече ко Јисусови: Господи, добро есть намъ здѣ бити” (Мат. XVI, 4). Поб. браћо, Кад је преблаги Бог стварао свет, излио је највећу љу бав и милост на љубимца свога човека. Поклонивши му нарочиту пажњу и створивши га по слици и прилици својој, он му показа и нарочиту своју ...

    Comments: 0   View more...

  • Падот на Рим

    Posted 2023-05-29 10:44:13 by: Сард

    Денес се навршуваат 570 години од падот на Градот. На денешен ден 1453 година младиот турски освојувач Махмет влезе во Рим, новиот и последниот. По тридневното пљачкосување тој воспостави нов поредок, со што конечно заврши историскиот пат на римската империја. Но, Рим не заврши само како историска стварност, туку и како мисловна стварност. Ние денес ...

    Comments: 0   View more...

  • Дедо Наум – „…Ако не ја послуша и Црквата, нека ти биде тој како незнабожец и митник“

    Posted 2023-05-28 14:18:56 by: Сард

    “ШТО ЗНАЧИ да држиш педагошки некого надвор од комуникација – во секој поглед, и како, јас, на пример, се однесувам кон оние кои не го спроведуваат во својот живот црковното правило на побожно однесување? Како што вели Светото Евангелие: „ако не ја послуша и Црквата, нека ти биде тој како незнабожец и митник“ – така ...

    Comments: 0   View more...

  • Our Holy Father Gavril – The Beacon of Our Time

    Posted 2023-05-28 09:58:17 by: Сард

    ~+~ Father Gavril, from the Lesnovo Monastery, was a great consolation to the few true Christian communities (Christians with their own spiritual father, with a rule for spiritual struggle, who regularly fasted, confessed and received communion), who at that time, from 1983 to 1987 (the years we spent together), in R. Macedonia were scattered like ...

    Comments: 0   View more...

  • Cветиот отец наш Гаврил – Светилникот на нашето време

    Posted 2023-05-28 09:55:58 by: Сард

    ~+~  Отец Гаврил, од Лесновскиот манастир, беше голема утеха за малкуте вистински христијански заедници (христијани со свој духовен отец, со правило за духовен подвиг, кои редовно постеа, се исповедаа и се причестуваа), кои во тоа време, од 1983 до 1987 година (годините што ги поминавме заедно), во Р. Македонија беа распрснати како мали оази за ...

    Comments: 0   View more...

  • Прва изложба на фотографии на отец Гаврил „Во мир и тишина“, во организација на Фондација Елеуса

    Posted 2023-05-28 04:44:51 by: Сард

    Благодарност до отец Гаврил кој одлучи циклусот „Фотографски записи на еден монах“ да го отстапи на нашата Фондација, а средствата собрани од продажбата на фотографиите да бидат наменети за помош на Детското одделение при Општата болница во ...

    Comments: 0   View more...

  • Свети Гаврил Епископ Велички: Молитвата е прва и најважна работа

    Posted 2023-05-28 04:14:45 by: Сард

    Молитвата ги заменува сите разоноди, сите потреби – сѐ она без кое обичниот човек не би можел да живее. Почиста, побезгрешна и посвета работа од молитвата нема. Кратките одмори од молитвата (треба да) претставуваат богомислие, созерцание, испитување на Божјата волја и преиспитување на својата совест. Монахот за молитвата жртвува сѐ, а молитвата не ја жртвува за ...

    Comments: 0   View more...

  • Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

    Posted 2023-05-28 03:26:25 by: Сард

    Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост на умот? Обично субјективно гледиште, кое може да биде и многу ретроградно и разградувачко во црковната заедница; и ...

    Comments: 0   View more...

  • Тропар на светиот преподобен слуга Христов Пахомиј Велики (28.05.2018)

    Posted 2023-05-27 23:07:16 by: Сард

    Пахомие, велики оче преподобен,за демоните капијо несоборлива,моли се о ти преполн саду на благодатта,за нас и сите оние за кои ти беше јавено, дека ќе ослабиме,за монасите, за христијаните, и оние кои талкаат во ...

    Comments: 0   View more...

  • СТРАВОТ ГО РАЃА НАЈГОЛЕМИОТ НЕУСПЕХ

    Posted 2023-05-27 23:06:00 by: Сард

    Затоа и се каеме, затоа и се исповедаме и бараме прошка, затоа што се надеваме. Се надеваме на Неговата милост, која го постави разбојникот прв во Рајот, која ја направи блудницата преподобна подвижничка, која го направи гонителот на христијаните првоврховен апостол, која го направи митарот - евангелист, која го прави секој човек богочовек по ...

    Comments: 0   View more...

  • Митрополит Струмички Наум: Светилникот на нашето време (11.01.2021)

    Posted 2023-05-27 22:46:40 by: Сард

    Се сеќавам, кога понекогаш ќе ми беше многу тешко и кога ќе отидев кај него на исповед, ќе ме сослушаше и без да ми даде никаков совет, само ќе одмавнеше со раката и ќе речеше: „Е па, тоа не е ништо!“, и навистина, целата тежина што ја имав, па и самиот проблем, беа однесувани како со рака. Толкава моќ имаше неговиот збор над демонските сили и над нашите немоќи. Кога некогаш си размислувам за отец Гаврил, би рекол дека ништо не ни објаснуваше, а сите наши проблеми веднаш ги ...

    Comments: 0   View more...

  • Преподобен Гаврил Велички - Патиштата што водат кон Бога... (24.05.2016)

    Posted 2023-05-27 20:20:37 by: Сард

    Па поради тоа, молитвата кон Бога претставува не само леб на душата, туку нешто повеќе од тоа – нејзин живот. А Бог, Кој ги знае и гледа нашите потреби и желби, ќе направи она што секој татко би го направил за своето добро и послушно дете, зашто Бог е Татко на татковците. Татко на ...

    Comments: 0   View more...

  • Светоотечка ризница - Преподобен Гаврил Велички (27.05.2023)

    Posted 2023-05-27 20:16:33 by: Сард

    Ако од нашите сили зависи сознанието на духовниот свет и Бога, ние би останале совршени незнајковци во тој поглед. И на тој начин, би биле одвоени и отфрлени на оваа земја без Бога, далеку од Него и од Неговата помош и утеха. Но, за среќа, тоа не е случај со нас. Бог знае дека ние не ...

    Comments: 0   View more...

  • Преподобен Гаврил Велички (житие)

    Posted 2023-05-27 20:04:10 by: Сард

    Никогаш не му давал одмор на своето тело – речиси никогаш не спиел, а и кога спиел, секогаш лежел на земја или на тврда рогозина. Иако многу строго постел и бил многу слаб, поседувал голема виталност и енергија. Редовно ги служел сите богослужби во манастирот и непрестајно се трудел во подвигот на умно-срдечната молитва. Тишината и самотијата биле негови постојани сотрудници, затоа и често ги ...

    Comments: 0   View more...

  • Кога веќе сакаме да ја земаме правдата во свои раце… Дедо Наум

    Posted 2023-05-27 18:48:55 by: Сард

    “Кога веќе сакаме да ја земаме правдата во свои раце, ајде да видиме што за тоа вели Евангелието Христово: „Ако згреши братот твој против тебе, оди и искарај го насамо, меѓу тебе и него. Aко те послуша, си го придобил брата си. Но, ако не те послуша, земи со себе уште еден или двајца, и ...

    Comments: 0   View more...

  • Старец Гаврил Светогорец, Епископ Велички: Бескрајна е Божјата благост кон луѓето

    Posted 2023-05-27 14:52:43 by: Сард

    Он нас нè љуби силно, бидејќи сме Негов род. Иако ние секој час се откажуваме од Бога, Он лесно не се одрекнува од нас. Но сепак Му е помило кога луѓето нарочно Му се обрнуваат. Он во вревата на градовите тешко да ги слуша и онака срамежливите, без срце и со половина уста изговорени студени зборови на нашите автоматски молитви. Дури во тишина на осаменоста Бог се впушта во дијалог со ...

    Comments: 0   View more...

  • „Големи и мали“ – куси размислувања за христијанството и европските вредности

    Posted 2023-05-27 11:02:37 by: Сард

    Изразот „европски вредности“ се користи толку често што веќе почнува да го губи своето значење. Поттикнат од вчерашното интервју за Универзитетското студентско собрание (УСС), ќе наведам еден интересен пример за тоа што означува овој израз, а кој со мене го споделија мојот драг професор Георги Каприев и неговата животна сопатничка проф. Антоанета Дончева. Точно го ...

    Comments: 0   View more...